ТДТШ Тефтер Транс Петар ДООЕЛ е формирано 1990 година.

Како Транспортна Фирма вообичаено вршиме транспорт од Македонија, Грција или и трети земји, кон Европските земји како: Германија, Холандија, Белгија, Франција, Шпанија и Англија, како и обратно од овие Држави кон Македонија или Грција.

Нашите транспортни капацитети се формирани од различни видови на камиони.

Располагаме со камиони кои се специјализирани за Висечка конфекција со зафатнина на приколката од 93 m3 и од 100 m3 и со 80 шипки, а некои од нив се камиони со полуприколки, со должина од 13,60 m3 .Со овие камиони вообичаено се транспортира висечка конфекција од Македонија за Германија и Англија.

Друг вид на возила се камионите со приколка или полуприколка ( со церади ), до 100 m3 зафатнина, со кои превезуваме различни видови на роба од Македонија кон Европските земји и обратно.

Располагаме и со камиони специјализирани за превоз на контејнери од 40' или 20' , со кои вообичаено вршиме превоз од Грција кон Европските земји.

Основната девиза на нашата фирма е дека: ке направиме се што е во наша мок да нашите услуги бидат секогаш точни и навремени а нашите коминтенти задоволни од услугите кои им ги нудиме.

Секогаш сме отворени за нови партнерства.

Ние сме фирма на која можете да сметате со сериозност и доверба.

Нашите објекти се лоцирани во Гевгелија на ул. Моински Пат бб 1480 Македонија.

Ваш Тефтер Транс

 

инфо   |   галерија   |   услуги   |   контакт